4 причини поради кои треба да ѝ бидете благодарни на постарата сестра
Таа ги препознава вашите склоности и таленти и ве поддржува во одлуките. Сосема е нормално младите сестри да ги имитираат постарите кои всушност се темел во обликувањето на нивните карактеристики.
# Поради неа родителите се поблаги кон вас
Растењето е всушност потешко за постарата сестра, отколку за помладата, бидејќи родителите за време на нејзиното растење можеби биле премногу зафатени, премногу стравувале, имале преголеми очекувања, грешеле во многу работи и слично. Родителите, што е разбирливо, со другото дете се потполно опуштени бидејќи имаат повеќе искуство. Па, доколку имате постара сестра, бидете благодарни на тоа.
# Таа ве развеселува и поддржува
Постарата сестра знае многу работи кои може да ги научи помалите браќа и сестри. Таа е сојузникот кој ве поддржува, мотивира и разубавува деновите. Постарата сестра секогаш е инспирација која може да може да ви го олесни животниот пат. Таа ги препознава вашите таленти и афинитети и ве поддржува во одлуките. Сосема е нормално помладите да ги имитираат постарите сестри кои се темел во обликувањето на нивниот карактер.
# Го подобрува менталното здравје
Истражувачите, кои се занимаваат со проучување на ваквите теми, велат дека растењето со сестрите ги намалува негативните емоции кај младите тинејџери. Помала е веројатноста дека во тој чувствителен животен период ќе се чувствувате осамено и дека никој не ве сака. Влијанието на браќата и сестрите е исто така важен за емоционалниот развој и може да помогне во победата на депресијата. Исто така, откриваат дека вашата сестра ве прави љубезна и емпатична личност.
# Ви помага за откривање на значење на безусловната љубов
Постарата сестра е некој кој секогаш ви го чува грбот, дури и кога ќе пораснете, а таа поврзаност и со текот на годините е силна и важна. Со сестрата секогаш можете да разговарате за се, таа внимателно ќе ве слуша и ќе ви биде поддршка.