5-годишно дете ја сфати суштината на бракот - малку е комплицирано: Неодолива порака на Тара Ѓоковиќ за љубовта
Ова дефинитивно е нешто што многумина од нас го сфаќаат многу подоцна, а ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ веќе сфати многу нешта...
Новак и Јелена Ѓоковиќ веќе долго време се во хармоничен брак, од кој имаат две деца - синот Стефан и ќерката Тара. Бидејќи сопругата на најдобриот тенисер сака многу да чита, полека тој дел од својата пасија почна да ѝ го пренесува и на ќерката Тара.
Јелена и Тара со кучето седеле покрај базенот, каде мајка ѝ ѝ читала роман.
Јелена на својот Инстаграм профил, објави фотка од овој момент и прераскажа како изгледал нејзиниот разговор со малата Тара.
„Мамо, што читаш?“ - добила прашање.
„Еден роман“ - одговорила.
„А, за што станува збор?“ - прашало девојчето.
„За двајца заљубени, кои се венчале, па малку се карале, се смирувале, сакале, па биле љубоморни... Сакаш ли да читаш со мене?“ - одговорила Јелена.
„Сакам“ - посочило девојчето.
И така, наследничката се сместила да слуша приказната за хероите од романот кој го читала Јелена.
„Мамо, сето ова е малку комплицирано“ - ѝ посочила малата Тара на својата мајка.
Обожавателите на Јелена на Инстаграм не можеа да одолеат и да не го прокоментираат овој прекрасен момент, и ќе признаете, многу точна изјава имала малата Тара.
фото: Принтскрин / Инстаграм