6 интересни факти за мечот на годината: КСИ во солзи, Бибер откри дека е фан на Логан
КСИ во заедничкиот меч, според бодовите го победи Логан Пол. Во продолжение погледнете неколку интересни факти поврзани со нивниот меч, кои сигурно ќе ве интересираат.
# Заработка
Јутјуберите само од државната атлетска комисија на Калифорнија ќе добијат 900.000 долари. Се претпоставува дека заработката постојано расте, бидејќи не добиваат пари само од нив. За првиот меч КСИ и Логан Пол заработија по 11 милиони долари. А сега, по овој меч, нивните сметки во банка сигурно ќе се зголемат уште повеќе, пишува Independent.
# КСИ плачел за време на тренинзите
КСИ признава дека знаел да заплаче за време на тренинзите на кои се подготвувал за мечот. Но, на тренинзите зајакнал, па немал потреба од посебно опуштање пред мечот. Со пријателите играл видеоигри и разоварал со блиските пријатели.
# Ривалство како промоција
Јутјуберите признаа дека големото ривалство помеѓу нив, кое пред борбата го промовираа со меѓусебни провокации, било само глума поради промоција на мечот. Очигледно тоа им успеало, бидејќи само во салата го следеле околу 14.000 луѓе.
# И Џејк Пол сака да боксира
Братот на Логан Пол, Џејк исто така сака да боксира. Овој јутјубер за време на мечот на својот брат му бил голема поддршка, а откако видел дека аматерските бокс мечеви помеѓу јутјуберите се многу популарни, одлучил и самиот да ги навлече ракавиците. Тој исто така го предизвика КСИ: „Сакам да се борам со КСИ“.
# Бибер е голем обожавател на Логан
Мечот помеѓу јутјуберите го следеше и пејачот Џастин Бибер. На социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од поразот на Логан, сметајќи дека подобро се борел.
# Мечот не се пренесуваше на Јутјуб
Иако јутјуберите имаат милиони претплатници на Јутјуб, мечот не се пренесуваше на јутјуб. Причината е тоа што овој пат мечот беше попрофесионален. За преносот на мечот задолжен беше каналот DAZN.