6 ситуации во кои мама е секогаш во право
Знаеме дека ова
можеби ќе ти биде тешко да си го признаеш, но во многу ситуации мајките имаат
право. Понекогаш тие може да бидат здодевни и веројатно мислиш дека
половина од работите што ги зборуваат немаат никаква смисла. Сепак ние издвоивме 6 ситуации од секојдневниот живот кога мама е во право – само ти можеби тоа сè уште не го знаеш.
1. Кога ти вели да земеш јакна
Облечи се ќе настинеш? Ова е една од најдосадните реченици која сигурно ја слушаш по 126 пати во текот на денот. Но, кога подобро ќе размислиш мама секогаш е во право кога те потсетува малку подобро да се облечеш.
2. Кога ти вели одиш во тоалет пред да излезеш од дома
Ха-ха, мора да признаеме дека сто пати ни се случило да ни затреба тоалет онаму каде што нема. Мама имаше право нели?
3. Кога ти вели дека момчето или девојката не се за тебе
На крај таа е таа што ќе ти ги брише солзите и по секоја пропадната врска веројатно плачејќи ќе се прашуваш: Зошто не ја послушав мама?
4. Кога ти вели да почнеш да учиш со време
Зарем не е најлошо нешто што може да ти се случи кога за тестот почнуваш да учиш предоцна и немаш време да го научиш целиот материјал. Тука не мора да ти нагласуваме колку пати мама ти кажа да почнеш да учиш и дека учењето во последен момент е страшно и не дава никави резултати.
5. Кога ти вели дека ќе ја уништиш косата
Сигурно безброј пати ја имаш слушнато реченицата дека ќе ја оштетиш косата со фарбање или со најразлични производи што не ти одговараат. Не ја послуша мајка ти и сега мака мачиш со изгорената коса.
6. Кога ти вели да не купуваш нешто што нема да го облечеш
Често знаеме да купуваме работи што никогаш нема да ни затребаат. Мајките тоа го знаат и затоа нè предупредуваат пред секое одење во продавница.
Фото:Shutterstock