7-годишно девојче од Украина стана вирално откако ја отпеа „Let It Go“: Сега пред 10.000 луѓе ја отпеа националната химна во Полска (ВИДЕО)

7-годишно девојче од Украина стана вирално откако ја отпеа „Let It Go“: Сега пред 10.000 луѓе ја отпеа националната химна во Полска (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Пред 2 недели беше само малечко девојче кое најде спас во засолниште во Киев, а денес ја знаат милиони луѓе. Седумгодишната Украинка Амелија Анисович стана позната, откако Марта Смехова ја сними додека ја изведува песната „Let It Go“ од анимираниот филм „Frozen“ на Дизни, додека се криеше од рускиот напад. Со ова видео го привлече вниманието на јавноста, а истото има неколку милиони прегледи.

Сега, 7-годишната Украинка синоќа ја изведе националната химна на хуманитарен концерт во Полска. Амелија Анисовиќ беше облечена во традиционална бела украинска облека, а со нејзината верзија на националната химна воодушеви десетици илјади луѓе во Атлас арената во Лоѓ, Полска.

Посетителите на концертот ги запалија блицевите на телефоните и факели високо кренати во воздухот во знак на солидарност со Амелија, која предизвика ентузијазам додека ја изведуваше химната.


Амерлија настапи заедно со Марцин Вајростек, Дагадан, Иг, Џери Хеил и Дарио Завијалоу на концертот под назив „Заедно со Украина“, како помош од полската хуманитарна акција.

Девојчето пристигна во Полска на 9 март откако побегна од Украина со нејзината баба и браќата и сестрите. Нејзината мајка Лилија и таткото Роман останале во Киев.

Прекрасната изведба беше споделена стотици илјади пати на различни платформи на социјалните мрежи и до Амелија пристигнуваат пораки полни со поддршка поддршка од пејачката на оригиналната песна Идина Менцел и композиторот Кристен Андерсон-Лопез.


Подоцна Анисович изјави за „BBC Breakfast“ дека сака да им се заблагодари на сите што уживале во нејзиното пеење.

„Секое утро, попладне и вечер вежбам да пеам... Отсекогаш сум сонувала да пеам“ - кажа таа.

Но, нејзината мајка тогаш рече дека е „трагедија што таа е само ѕвезда поради толку многу смрт и уништување“.

„Отсекогаш знаев дека Амелија е многу талентирана и сладок ангел, а сега целиот свет го знае тоа“ - додаде своевремено гордата мајка.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: