А1 Business тарифи: Најнова атрактивна понуда за деловните корисници

А1 Business тарифи: Најнова атрактивна понуда за деловните корисници

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио производи и услуги за деловните корисници кое нуди комплетно телекомуникациско решение за сите компании.

Со новото портфолио, А1 воведува нови А1 Business пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

Деловните корисници кои ќе направат А1 Combo Business пакет имаат можност да добијат неограничен интернет и фиксна линија за кои промотивно нема да се наплаќа претплата во првите 6 месеци, заедно со вклучени А1 Business мобилни линии на најбрзата мобилна мрежа.Со избор на A1 Combo Business M, со вклучени 2 мобилни линии A1 Business L корисниците добиваат 40GB мобилен интернет како и можност за поголема комуникација со странство која освен разговори и СМС пораки вклучува и 1GB интернет во роаминг. Сето ова е надополнето со два смартфони Samsung A31 и A02s кои корисникот на A1 Combo Business пакетот ги добива за 0 денари. 

Сега е вистинско време деловните корисници да ја искористат можноста и да го направат вистинскиот бизнис потег во изборот на модел на комуникација. Свесни за нивната безусловна потреба за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси секаде и во секое време, дури и кога се во странство, го креиравме A1 Combo Business кој нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност преку најбрзата мобилна мрежа, целосна контрола врз трошоците како и можност за дополнителни субвенции и нови смарт телефони. Остануваме посветени на градењето партнерскиот однос со нашите деловни корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот”, изјави Методија Мирчев, Извршен дирекор на А1 Македонија.

Со оваа понуда во бизнис сегментот А1 Македонија ја зацврстува својата заложба за креирање иновативни понуди и решенија кои одговораат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници. 


* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: