А1 Македонија воведува три ексклузиивни пакети за ORYX услуги за помош на пат
Како дел од својата заложба за обезбедување поддршка и уште повеќе вредност за своите корисници, А1 Македонија со големо задоволство најавува збогатување на своето портфолио и воведува ORYX услуги за помош на пат со три ексклузивни пакети дизајнирани да ги задоволат потребите на A1 постпејд мобилни корисници - физички и правни лица.
Од денеска, А1 ги става на располагање услугите за помош на пат обезбедени од реномираната компанија Oryx. Со цел обезбедување исклучителна вредност, корисниците можат да изберат еден од трите пакети кои се разликуваат според земјите на кои се однесува услугата и поволностите вклучени во пакетот.
Првиот пакет достапен за само 79 денари месечна претплата нуди поддршка за асистенција на пат на територијата на Македонија кој вклучува помош на пат, транспорт на возилото, изнајмување на автомобил и обезбедување алтернативен превоз, Drive Angel апликација и 24/7 достапен контакт центар
Корисниците кои ќе се одлучат за пакетот Регион добиваат дополнителни поволности кои се однесуваат за територијата на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска , Бугарија и Црна Гора, како што се помош на пат, транспорт на возилото, изнајмување на автомобил, алтернативен транспорт, достава на гориво, хотелско сместување, Drive Angel апликација и 24/7 достапен контакт центар и тоа за само 99 денари месечна претплата.
За оние пак кои бараат врвна заштита и удобност во европските земји, достапен е пакетот Европа кој за само 129 денари месечна претплатануди сеопфатна покриеност во земјите во Европа. Пакетот вклучува помош на пат, транспорт на возилото, изнајмување на автомобил, алтернативен транспорт, достава на гориво, хотелско сместување, Drive Angel апликација и 24/7 достапен контакт центар
По пријавувањето на инцидентот од страна на корисникот, независно од местото и времето интервентниот тим пристигнува на местото на настанот во рок од 45 минути.
За повеќе информации прочитајте на www.a1.mk
ПР објава