Ацо Пејовиќ го славеше дипломирањето на ќерката: Гордиот татко ја собра цела естрада (ФОТО)
Ацо Пејовиќ овие денови има голем повод за славење. Неговата ќерка Марија дипломирање на Медицинскиот факултет, поради што гордиот татко приреди забава за паметење.
Половина естрада вчеравечер беше собрана во еден ресторан во Белград, каде се забавуваше до раните утринските часови.
Познато е дека Пејовиќ сака да ги одбележи сите големи моменти на своите ќерки и да ги награди онака како што доликува за секој нивен успех.
Откако пред четири години направи гала забава за најстарата наследничка Магдалена, кога дипломираше на ФОН, сега дојде ред истото да го направи и за наследничката Марија. Поводот е завршувањето на Медицинскиот факултет.
На големата прослава која вчера се одржа во Белград, покрај семејството и пријателите, присуствуваа и голем број јавни личности, кои се пријатели на семејството Пејовиќ.
Најемотивниот момент на вечерта сигурно е оној кога сопругата и ќерките стоеја пред пејачот, додека тој ја пееше песната „Све ти дугујем“.
Атмосферата ја загреаја и Сања Вучиќ, Саша Матиќ и Александра Пријовиќ, додека Аца Софронијевиќ свиреше на хармонија.
Тука беа и Мирза Селимовиќ и останатите колеги кои до рнаите утрински часови само ги редеа хитови.
Фотографиите од прославата може да ги погледнете во продолжение:фото: Принтскрин / Инстаграм