Адел и се „отвори“ на публиката за зависноста од алкохол: „Ми недостига многу...“

Адел и се „отвори“ на публиката за зависноста од алкохол: „Ми недостига многу...“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адел откри на госитите на нејзиниот концерт во Лас Вегас минатиот викенд, дека престанала да пие пред три ипол месеци.

Таа изјавила дека била „речиси па алкохоличар“ во своите дваесетти и дека моментално воздржувањето од алкохол и е досадно и дека и недостига „да се напие“.

„Толку ми недостига. Исфрлив и кофеин“, рече 35-годишната пејачка и му рече на еден од гостите во публиката: „Само уживајте во себе и вашето виски-кола, а јас ќе бидам љубоморна“.

Во март оваа година, пејачката откри дека за време на пандемијата, еднаш испила четири шишиња вино пред ручек. Иако во 2021 година изјави дека повеќе не пие, во февруари 2022 година, Адел со голема група пријатели посетила геј клуб во Лондон каде што уживале да се забавуваат на посебна маса за ВИП гости. Ноќта завршила со тоа што Адел била на подот плачејќи бидејќи многу се опијанила.

И покрај тоа што некое време не пиела, Адел планира да се забавува оваа недела помеѓу нејзините шоуа во Вегас, за роденденот на нејзиниот син Ангел, кој во четврток полни 11 години.

Фото:instagram/adele

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: