Адисон Реј и Дикси Ди Амелио се тепаа во боксерски ринг: Сето ова поради Чарли

Адисон Реј и Дикси Ди Амелио се тепаа во боксерски ринг: Сето ова поради Чарли

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ТикТок ѕвездите во несекојдневен конфликт...

Се сеќавате на недоразбирањата кои Чарли Ди Амелио и Адисон Реј ги имаа поради тоа што Адисон ставала лајк на негативните коментари против Чарли? Изгледа дека ќе добиеме епилог од овој конфликт - во боксерски ринг.

ТикТок ѕвездата Дикси Ди Амелио и Адисон се сретнаа во теретаната на професионалниот боксер Рајан Гарсија, за да ги снимаат првите „чекори“ за време на учењето на боксерските вештини, пред да се сретнат во рингот.

„Па, Адисон лајкуваше некои ТикТок коментари за Чарли и тоа ќе го решиме денес, зарем не“ - рече Дикси низ смеа.

Покрај тоа што девојките се смирија, бидејќи овој „конфликт“ настанал пред нивната популарност, решија да се сретнат во рингот. За да ги научат основите на боксот, како помош го повикаа Рајан.

И пред да почнат, Дикси рече дека таа ќе победи, бидејќи „не сака да губи, особено не на нејзиниот канал“.

На крајот и едната и другата се прогласија за победнички, а за среќа им настрадаа само ноктите. Во продолжение погледнете ги видеото од нивната борба.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: