Адисон Реј откри во кои познати ѕвезди била вљубена: Помеѓу нив е и лик од цртан филм
Нејзините први познати симпатии биле случајни...
Адисон Реј првпат зборуваше за тоа кои ѝ биле први симпатии од светот на познатите личности.
Во новата епизода на подкастот „Mama Knows Best“, 19 - годишната ТикТокерка раскажа на кои момци од јавната сцена фрлила око кога била мало девојче.
„Најверојатно би можела да ги набројам сит емомци во кои сум била заљубена, но би ми била потребна уште една рака, бев заљубена во многу“ - рече таа.
„Помеѓу симпатиите ми беше Џастин Бибер. Навистина ги сакав „One direction“, особено во повисоките одделенија. Зек Ефрон, Рајан Гослинг, тие се сосема случајни и никако не се вклопуваат“ - раскажа.
Таа откри и дека била заљубена во еден лик од анимираните филмови.
„Отсекогаш ми се допаѓаше Дени Фантом, беше секогаш сладок. Навистина бев заљубена во многу цртани ликови“ - раскажа таа.
Адисон на слушателите им даде и совет за тоа како да и пристапат на симпатијата.
„Бидете полни со самодоверба. Испратете ѝ порака, ѕвонете и на телефон доколку ја познавате, во случај доколку се останато ви е глупаво“ - рече и додаде:
„Дури би ве советувала рачно да ѝ напишете порака. Знам дека тоа никој не го прави, но е искрен и сладок начин да кажете дека симпатијата ви се допаѓа“.