Адисон Реј се обиде да ги измами обожавателите? На удар е поради прозиводите за нега на кожа
ТикТокерката Адисон Реј е обвинета на социјалните мрежи дека се обидела да ги измами своите обожаватели откако ја лансираше колекцијата Screen Break Blue Light + Anti Pollution Protection Mist. Станува збор за производ кој наводно ја штити кожата од сината светлина која ја емитуваат екраните.
Овој потег на Адисон Реј е осуден поради тоа што само неколку месеци пред неа, познатата инфлуенсерка Валкира мораше да се откаже од сличните производи поради негативните реакции кои ги предизвика.
Во октомври 2021 година Валкира ја лансираше сопствената линија за убавина која вклучува неколку производи со заштитен фактор од сината светлина која се емитува преку екраните.
Меѓутоа, дојде до брзи реакции против производите на Валкира со наводите дека самите производи се измама поради тоа што уште не постојат точни докази за тоа на кој начин и дали навистина сината светлина од екраните влијае на кожата. Две недели по лансирањето, Валкира ги укина своите производи.
Сепак, изгледа дека Адисон не го проследила овој настан поради тоа што само што ја објави својата линија производи за заштита од сината светлина кои се дизајнирани да ја заштитат кожата од зрачењето кое доаѓа од мобилните телефони, компјутерите и телевизироте.
Валкира веднаш одлучила да се дистанцира од проектот на Твитер, зачудена од тоа што влијателна и светски позната личност како Адисон Реј се одлучила за ваква постапка.
Неизвесно е дали и Screen Break, производот на Адисон Реј, ќе ја доживее истата судбина како и RFLCT на Валкира.
Наведено е дека чини 20 долари и дека е освежителната формула ја ублажува кожата која е уморна од екранит и ја зголемува хидратацијата на кожата.