Адријана (14) се самоуби откако се појави видео како ја тепаат во училиште: Денеска е погребот, таткото го тужи училиштето

Адријана (14) се самоуби откако се појави видео како ја тепаат во училиште: Денеска е погребот, таткото го тужи училиштето

Објавена во: Совети // Семејство

Во нападот Адријана се здобила со бројни повреди на нозете и лицето. Нејзиниот татко останал во шок кога слушнал што се случило со неговата ќерка на училиште и веднаш отишле во полициска станица да го пријават настанот. Полицијата сè уште не се изјаснила за ова прашање

Адријана Куш (14) од Њу Џерси си го одзеде животот откако на социјалните мрежи почна да кружи снимка како брутално ја тепаат девојчиња од нејзиното училиште во ходникот на средното училиште.

Безживотното тело на Адријана беше пронајдено на 3-ти февруари, два дена откако видеото почна да кружи на интернет.

На видеото се гледа како Адријана и нејзиното момче шетаат по ходникот на државното средно училиште, а потоа една од ученичките им приоѓа и ја удира Адријана со шише со вода по главата. Несреќната девојка потоа паѓа на подот и тогаш девојките почнуваат да ја удираат и клоцаат. Ученикот кој го снимаше бруталниот напад цело време навиваше.

Нападот траел околу 30 секунди, а потоа дотрчале двајца училишни работници и ги растерале децата.

Во нападот Адријана се здобила со бројни повреди на нозете и лицето. Нејзиниот татко Мајкл Куш останал во шок кога слушнал што се случило со неговата ќерка на училиште. Тој за локалните медиуми изјави дека потоа ја однел Адријана во полициска станица за да го пријави инцидентот. Полицијата сè уште не се изјаснила за ова прашање.

Адријана потоа му покажала на својот татко видеа и пораки од деца кои ѝ се заканувале на „TikTok“, „Instagram“ и „Snapchat“ пред нападот. Се испостави дека Адријана со месеци била жртва на насилство на училиште, кое го вршеле деца од нејзиното одделение.

Иако во училиштето се знаело за нападот, Мајкл тврди дека „никој ништо не направил по инцидентот“. Два дена подоцна, членовите на семејството ја пронашле Адријана мртва во семејната куќа.

Мајкл вели дека ќе го тужи училиштето.

- Револтиран сум. Ги обвинувам тие девојки, училиштето, полицијата. Сакам сите да знаат што се случи со мојата ќерка. Сакам правда, сакам сите да знаат за овој случај- вели таткото.

Мајкл вели дека е убеден дека доколку полицијата постапела веднаш по пријавата, Адријана ќе била жива.

„Да се ​​јавеше училиштето во полиција, да го пријави насилството, да се спроведе истрага, овие снимки веднаш ќе беа откриени“, убеден е таткото на Адријана.

На 5-ти февруари средното училиште во кое одела Адријана објави соопштение за трагичната смрт на ученичката. Од училиштето изјавија и дека на децата им се достапни стручни лица за советување и кризи.

„Ве молиме знајте дека никогаш не сте сами на светот и дека секогаш има поддршка во лоши времиња за да се помогне да се променат работите на подобро“, се вели во соопштението на училиштето.

И институцијата не сакаше да дава изјави за медиумите.

Таткото на Адријана тврди дека неговата ќерка не е првата ученичка од ова училиште што претрпела насилство, ниту во просториите на училиштето, ниту на интернет. Тој вели дека има и други родители чии деца трпеле насилство во тоа училиште, а управата не направила ништо за да ги заштити.

Четворица ученици беа обвинети за нападот на 9-ти февруари и тие беа исфрлени од училиште.

Адријана ќе биде погребана денеска во родниот град.

извор: Telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: