Агентите му го уништиле животот на 13 години: Најслаткото момче било злоставувано во детството, а денес не би го препознале (ФОТО)
Актерот како дете се прослави во филмот „Jerry Maguire“...
Џонатан Липнички (31) сите го паметат како неодоливото синооко момче од филмот „Jerry Maguire“, кој на само 6 години ја воодушеви публиката во ова остварување, рамо до рамо со Том Круз и Рене Зелвегер. Тој беше на пат да ги освои срцата на филмската публика, но работите во меѓувреме се променија.
Џонатан во 1999 година, 3 години по успехот во „Jerry Maguire“, се појави во уште едно култно остварување - „Stuart Little“, а потоа глумеше и во детските филмови „The Little Vampire“ и „Like Mike“.
Сите мислеа дека ќе биде вистинска ѕвезда
Улогата во филмот „Jerry Maguire“ му го промени животот, а тоа го откри и во последното интервју.
„Таа улога го промени мојот живот. Тоа е нешто што ме натера да сфатам како сакам да го поминам остатокот од животот. Од тој период имам многу убави спомени“ - истакна актерот.
Овој актер ветуваше многу и беше главниот столб на холивудската индустрија, но како и повеќето деца-ѕвезди, тој не се снајде најдобро во транзицијата од детски актер во актер за возрасни. Имаше проблем да најде соодветни улоги и призна дека агентите отворено му кажале дека ја изгубил својата привлечност во тинејџерските години. Како што вели, тоа било еден вид вербална злоупотреба.
Трновитиот пат до успехот
„И како дете и како тинејџер немилосрдно ме исмеваа некои луѓе кои дури сега се и мои пријатели на социјалните мрежи.
Ми кажаа дека моето време поминало и дека никогаш повеќе нема да добијам работа. Во средно училиште се чувствував како ѓубре и дојде до тоа да имам панични напади пред училиште, бидејќи се прашував како ќе изгледа следниот ден. Имаше навистина понижувачки ситуации“ - откри неодамна Џонатан.
Поради сето тоа, на некое време се повлече од светот на глумата. Сепак, истакнува дека имал јасна визија дека токму со тоа сака да се занимава и во иднина.
Неговата насмевка, разбушавената руса коса и очилата беа како создадени за филмското платно. Сепак, детството не му било бајковито како што звучи.
Неговите врсници и соученици со години го малтретирале, често бил предмет за потсмев, а во тинејџерските години го злоставувале, бидејќи го нарекувале хомосексуалец. Од стрес добил егзема и панични напади.
„Одлучив да ја третирам глумата, како да станува збор за образование. Одев на часови по глума и си зададов рок од една година да видам како ќе се чувствувам. На крајот од годината добив улога во филм и никогаш не се свртев“ - кажа.
Липнички и денес снима филмови, не холивудски хитови, но на крајот на денот го работи она што го сака и го остварил својот сон да глуми.
„Сигурно е дека сега не снимам блокбастери или студијски изданија, но моите филмови сепак се во кината. Ги бркам своите соништа и не можам да бидам посреќен“ - напиша Џонатан во една прилика на својот Инстаграм профил.
Моментално има телевизиски ангажман, а последниот филм во кој глумеше е хоророт „Broil“ за дисфункционално семејство, кое се обидува да го контролира своето богатство.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб