Актерите полека го напуштаат Холивуд: Уште еден започна да снима за Јутјуб

Актерите полека го напуштаат Холивуд: Уште еден започна да снима за Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сѐ почеста е „транзицијата“ од големото платно на она од екраните на мобилните телефони, па така амерканскиот актер Метју Меконахи во текот на пандемијата реши да побегне од рефлекторите и да се смести во соба со скромна камера.

Метју Меконахи своето прво видео за Јутјуб го започна со познатата фраза „Alright, Alright, Alright“ и најави дека од сега редовно ќе споделува нови содржини на каналот - што ѝ прави, а преку 600.000 претплатници го поддржуваат во оваа нова кариера.

Актерот првото видео го сними во својот дом, а до сега „собра“ повеќе од 2 милиони прегледи.

„Ова е местото на кое ќе ви откривам кој сум, како и кој не сум. Ќе зборувам за тоа во што верувам, а во што не, што правам и што не правам. Освен тоа, ќе зборувам и за различните пристапи и верувања во животот, кои ги открив во последните неколку години“ - рече актерот во воведното видео.

Додаде и дека на каналот ќе може да се најдат и интересни и хуморисични содржини, посебни совети за тоа како да се живее, како и дека ќе ги содржи сите мудрости кои актерот ги открил во текот на животот.


фото: Shutterstock

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: