Алекса денес би имал 22 години, но се убил поради врсничко насилство
Алекса Јанковиќ од Ниш денес би бил момче од 22 години, доколку во 2011 не се самоубил, не можејќи да се бори со врсничкото насилство на кое бил изложен во училиште. Предлогот за строго казнување на учениците кои во училиште се насилни, кој е наречен „Законот на Алекса“, се уште не е усвоен. Претходните денови низ Србија и Балканот се појавија видеа во кои деца се малтретираат меѓусебе. За таквото однесување тие обично добиваат пониски оценки.
И децата поради кои Алекса не сакал да оди во училиште пред 8 години биле само деца. Возрасни околу 14, 15 години - колку што имаат и жртвата, учесниците и сведоците на врсничкото насилство, кое минатата недела ја потресе Србија, но и Балканот.
На оваа тема, проговорија и многу познати ѕвезди кои како тинејџери биле изложени на училишно насилство. Меѓу нив е и познатата дизајнерка Викторија Бекам, која и денес се бори со траумите од тоа време.