Александар Тарабунов удри по јутјуберите: Правете го тоа за што сте родени и талентирани, ова звучи лошо!
Оваа недела двајца млади јутјубери кои се и те како актуелни кај тинејџерите, објавија по еден видео запис и песна. Стеффонатор тоа го направи со помош на младата Мартија, а GP самостојно.
Но, по објавувањето на песната на GP, се огласи едно звучно музичко име. Имено, пејачот Александар Тарабунов на својот Инстаграм профил објави стори, со принт скрин од новата песна на GP. Покрај истото изреволтираниот пејач напиша „Немам ништо лично против никој, али видеа ајде дека се враќа музичката сцена во Македонија и сите сакаат пејачи и пејачки да бидат, правете го тоа за што сте родени и вистински талентирани, ова звучи лошо“.