Александра од Струмица: #МиНедостасуваат со пријателите муабетите длабоки
Александра Атанасова е средношколка од Струмица. Оваа 18 - годишна девојка учи во гимназијата „Јане Сандаски“ и е трета година. Таа го прифати предизвикот на Хаштаг и се одлучи во стихови и преку ликовна творба да ни покаже што е она што и недостасува во деновите на социјална изолација.
Ми недостасува
Има нешто
ко грутка на срце
што ми тежи вешто.
Има едно место
кое сакам да го посетувам често.
Море, планини високи
и со пријателите муабети длабоки.
Има нешто што ми недостига, нешто поразлично
но сега ќе седам дома, така е побезбедно.
А еден ден, ќе помине сé, знам
и градот нема да биде тажен и сам.
Смеа ќе ечи, сонцето силно ќе сјае
Убаво ни е, секој тоа ќе го знае.
Личности со големи вредности ќе сме,
и поубаво ќе биде тогаш сé.
A сега сите да сме силни треба
да ја смириме во светот сета злоба.
Може да ве интересира:
Ива Стојческа: #МиНедостасува животниот начин стар