Америка му даде на „Мајкрософт“ 45 дена да одлучи за судбината на ТикТок
ТикТок за кратко време стана најпозната социјална мрежа на светот и има корисници исто колку и Инстаграм и другите познати мрежи, но тој е и вистински показател за тоа дека судбината за секунда може да се насочи против вас - денес ТикТок е на тронот, но веќе за неколку месеци може да биде заборавен, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп поради безбедносните податоци на корисниците одлучи да го забрани ТикТок на територија на Америка. Оваа територија е главниот пазар и мрежата така би изгубила околу 80 милиони корисници! Сепак, по новите шпекулации постои надеж за ТикТок и неговата судбина ќе биде одлучена најмногу за 45 дена.
Иако претседателот Доналд Трамп прво беше цврсто решен да се забрани ТикТок, а се зборува и дека сето ова е резултат на конфликтот помеѓу Кина и Америка, „Мајкрософт“ покажа интерес за купување на оваа платформа и тоа би можело да значи спас на нејзината судбина. Сега „Мајкрософт“ треба да донесе одлука, но Трамп за тоа даде смао 45 дена, што е нешто повеќе од еден месец, така што или ќе се склопи договорот во тој период или ТикТок во Америка ќе биде оневозможен и така ќе го изгуби својот главен пазар, пренесуваат изворите.
„Мајкрософт“ со купувањето на волку позната социјална мрежи уште повеќе ќе ја уцврсти својата позиција и на полето на социјални мрежи, бидејќи покрај ТикТок тој веќе ја поседува и професионалната мрежа LinkedIn, која се користи за онлајн контакти во бизнисот.
Освен што конфликтот на Кина и Америка се наведува како главна причина, Трамп предупредва на опасност поради сите податоци кои ТикТок ги собира за корисниците, но таа опасност секако постои при употреба на било која друга социјална мрежа.
Трамп исто така е запознаен дека не би било лошо да попушти, бидејќи со имплусивните одлуки за ТикТок би можел да изгуби голем број на млади гласачи, а изборите се сега во ноември. Од агол на голем број од младината конја ја следите, Трамп нема уште долго да опстане како нивен претседател, но во ноември ќе се покаже тоа. Судбината на ТикТок ќе биде одлучена најдоцна до 15 септември.