Аналитичарите на американските избори станаа ѕвезди на ТикТок
„На овој начин, милениумците и генерацијата З се поврзвуваат со своите врсници. На овој начин, тие учествуваат во обликувањето на политичкиот дискурс“ - објаснуваат експертите!
Изборите за претседател на САД овие денови, освен вестите за пандемијата, тема број еден во целиот свет. Сите со нетрпение ги следеа изборите за да дознаат кој ќе го освои новиот мандат. Па така и ТикТокерите се заиграа и создада нови ѕвезди на оваа платформа, пишува Си-Ен-Ен.
Не, тие не се пејачи, актери, а ниту инфлуенсери, тие се аналитичари. Моментално на ТикТок се многу популарни двајца ТВ аналитичари кои секојдневно ја прикажуваа состојбата од гласањата во САД, Џон Кинг и Стив Корнацки.
Обожавателите на овие аналитичари снимаат „Fancam“ видеа во кои на Џон и Стив им искажуваат почит и зборуваат дека ги забавувале во текот на непредвидливите денови.
Ова е еден пример од такво видео за Џон Кинг:
@gorl.in.red john king for president
Perr Stan Nicki - Acidb4by
А, ова за Стив:
@simps4snape UGH THE WAY THIS MAN KNOWS HIS WAY AROUND A MAP *this is not correlated to the number of white claws I’ve had ##stevekornacki ##msnbc
One Wish - Ray J
Ваквите ТикТок видеа најчесто ги објавуваат младите. Професорката Јоана Литерат од Универзитетот Колумбиа објасни зошто објавуваат вакви видеа:
„ТикТок е нивно подрачје, нивна јавна сфера. На овој начин милениумците и генерацијата З се поврзвуваат со своите врсници. На овој начин, тие учествуваат во обликувањето на политичкиот дискурс. Ваквата пракса ќе продолжи.“
„Оваа платформа е подрачје на кое ги пренасочуваат и решаваат своите проблеми“ - додава таа.
Џон Кинг и Стив Корнацки се воодушевени од популарноста на ТикТок. Стив и самиот објави видео на ТикТок во кое се заблагодарува на публиката, а Џон им се заблагодари, бидејќи на овој „ТикТок“ начин се поврзува со синот кој има свој профил. На двајцата им е драго што луѓето на тој начин придонесуваат на својата заедница и покажуваат колку се грижат за свопствената иднина.