Ќе се откаже ли Анастасија од Ражнатовиќ за да биде Гудељ: Деталите за свадбата се чуваат во тајност (ВИДЕО)

Ќе се откаже ли Анастасија од Ражнатовиќ за да биде Гудељ: Деталите за свадбата се чуваат во тајност (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Фудбалерот на Инстаграм ги објави иницијалите на својата идна сопруга на кои ќе пишува А.Г., а таа одговори дека тоа ќе биде нивното ново поглавје во животот. Љубовта помеѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља цвета и најверојатно наскоро ќе биде крунисана со брак!

Деталите за тоа кога и каде ќе се одржи венчавката ги чуваат во тајност и само најблиските кажуваат кога ја планираат венчавката, но она што е сигурно е дека пејачката ќе го земе презимето на идниот сопруг. Затоа, по бракот Анастасија повеќе нема да се вика Ражнатовиќ туку Гудељ.

Иако сè што е поврзано со венчавката на оваа популарна двојка се држи во тајност, непонзат извор вели дека двајцата веќе напорно се подготвуваат за венчавката.

Да потсетиме, Немања пред еден месец на многу романтичен начин ја запроси Анастасија на Ибица, а видеото беше објавено на социјалните мрежи пред само неколку дена.

Тогаш пејачката објави клипови од нивните интимни моменти, но никој не знаеше дека церемонијата за запросување се одржа истата вечер. Дури кога фудбалерот во петокот вечерта објави видео од свршувачката, заедно со емотивната песна што и ја посвети на својата идна сопруга, на сите им стана јасно за што се работи. Во видеото се снимени детали од интимната вечера што Немања и ја приреди на Анастасија.

- Те сакам Пени, те сакам во воздухот, те сакам...

Во видеото е снимен и моментот кога Анастасија Ражнатовиќ кажа „да“, а во тој момент се запали огнометот со што се комплетираше магичната атмосфера.


Прв јавно им честиташе возачот Рашид, кого го сметаат за голем пријател и им посака се најдобро.

- Ти честитам на веридбата и ти посакувам многу среќа и љубов во иднина - напиша Рашид, кој е со популарната двојка од самиот почеток.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: