Анастасија Ражнатовиќ никогаш поискрекна: Плачев пред сите, светот ми се сруши кога на мама ѝ ставија алка за следење осуденици

Анастасија Ражнатовиќ никогаш поискрекна: Плачев пред сите, светот ми се сруши кога на мама ѝ ставија алка за следење осуденици

Објавена во: Живот // Живот

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ имала само пет години кога нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ и нејзината тетка Лидија биле уапсени во 2003 година во акцијата „Сабја“ и биле во притвор четири месеци, a Анастасија сега се потсетува на тој период, што со задоволство би го заборавила.

„Децата ми викаа: „Мајка ти е во затвор“, а јас им одговарав: „Не зборувајте глупости, секако дека не е! Таа е на турнеја во Америка!“. Кога сфатив што е вистината на возраст од 10-11 година, првото нешто што ми помина низ главата беше дека тие деца, кои ме задеваа, имале право“ - рече таа.

„А, јас се расправав со нив, велејќи им дека весниците лажат. Секако тогаш бев премногу мала за да ја знам вистината, ниту пак да ја разбрам. Од оваа перспектива, разбирам дека беше потребно да ни се каже таа „бела лага“ - рече Анастасија.

По осум години, Цеца и Лдија со алка за следење осуденици биле во домашен притвор во нивната вила на Дедиње. Анастасија вели дека 22 јуни 2011 година ќе остане врежан во нејзиното сеќавање до крајот на животот.

„Моментот кога дојдоа да ѝ стават алка за осудениците, никогаш нема да го заборавам. Дотогаш, сè беше во воздухот, ќе биде или не, но кога се случи, целиот мој свет се сруши. Ми беше страшно тешко. Кога видов дека ѝ ја ставаат алката, не можев да издржам, па почнав да плачам пред сите. Тогаш пролеав солзи и потоа никогаш повеќе“ - рече младата пејачка.

„Закопав сè и ги потиснав чувствата. На мајка ми ѝ беше премногу тешко кога ме виде како плачам, а и на Вељко сигурно не му беше лесно. Не разговаравме за тоа, што е многу чудно, затоа што сите тројца сме многу отворени и зборуваме за сè. Очигледно, на сите ни беше полесно да не зборуваме за тоа, туку за посветли теми, за да не полудиме сите целосно. Притисокот од медиумите беше огромен и таа тема не требаше да ја покриваме и дома“ - изјави Анастасија за „Информер“.

фото: Printscreen

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: