Анастасија Ражнатовиќ откри семејна тајна: Кој троши најмногу пари на шопинг?
Сигурно не очекувавте дека ќе го слушнете ова име...
Семејството Ражнатовиќ е познато по тоа дека сака да се облекува во скапи модни парчиња, и дека не жали пари кога е во прашање квалитетната облека.
Анастасија сега откри како се однесува нејзиното семејство на шопинг, и кој троши најмногу пари.
Како што истакнува, нејзината мајка Цеца знае да потроши поголема сума на пари за себе, но и за остатокот од семејството.
„Што се однесува до шопингот, кога е мама во прашање таа е многу дарежлива. Иако, тоа зависи од нејзиното расположение. Понекогаш ништо не ѝ се допаѓа, дури и кога сум јас во прашање“ - раскажува Анастасија во документарно-играниот серијал „Цеца шоу“.
„Ми вели: „Немој да го купуваш тоа, многу е грозно“, а јас ќе го купам. Потоа после неколку месеци ме прашува каде сум го купила, дека е многу убаво. Јас тогаш ѝ велам: „Па тоа е истото што ми кажа да не го купувам, дека е навистина грозно“, а потоа таа само ќе ми каже дека тогаш не била расположена“ - вели Анастасија.
Она што ги изненади сите е тоа што нејзиниот брат Вељко троши повеќе пари од неа.
„Кога сме јас и Вељко во прашање, Вељко купува повеќе. Тој е маж и не знае да одбере за себе, некогаш знаеше супер да се облече, но денес и не баш. Мама многу му помага сега во тоа“ - вели Ражнатовиќ.
фото: Принтскрин / Јутјуб