Анастасија Ражнатовиќ повторно ја промени фризурата: Новата песна ја најави со потполна транформација

Анастасија Ражнатовиќ повторно ја промени фризурата: Новата песна ја најави со потполна транформација

Објавена во: Мода // Moj стил

Обожавателите се воодушевени од промената...

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ не застанува! Откако се појави на музичката сцена, ги поместува границите, како со гласот, така и со стасот, а сега на многу интересен начин ја најави новата песна „Готово“.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави интересна фотографија на која има повеќе од интересна фризура. Всушност, слободно може да се каже дека вакво нешто никој не очекуваше од неа.

Анастасија која пред неколку дена по 4 години ја промени бојата на косата и од црнокоса премина во бринетите, а потоа неколку пати не „почести“ со прекрасни изданија и ги покажа фризурите кои ќе бидат хит оваа сезона, сега реши да се претстави во „лолита“ стил, со две високи опавчиња и шарени прамени.

Коментарите само се нижеа, а обожавателите не можеа да го сокријат воодушевувањето поради промената. Анастасија на фотката позира во фармерки, зелен топ кој оди преку едно рамо, додека нејзината фризура сите ги потсети на бунтовната „Џокерка“, Харли Квин.

„Готово? Повторно се лажеш себе, вели дека е „готово“. Наскоро нова песна“ - напиша Анастасија покрај фотографијата.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: