Анастасија Ражнатовиќ за љубовната врска на мајка ѝ, Цеца: Немам право да се мешам во нејзината среќа!

Анастасија Ражнатовиќ за љубовната врска на мајка ѝ, Цеца: Немам право да се мешам во нејзината среќа!

Објавена во: Живот // Живот

Досега Анастасија Ражнатовиќ не ја коментираше врската помеѓу нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ. Но, сега беше целосно искрена...

Анастасија Ражнатовиќ се појави на отворањето на модно студио во освежено издание и со нова фризура, која одлично ѝ одговара, но, како што вели младата пејачка, не треба да се исклучува можноста да се врати на фризурата на која е навикната. Таа за медиумите зборуваше за нејзината благодарност до нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ, а потоа коментираше колку таа и нејзиниот брат Вељко влијаат на нејзиниот љубовен живот.

На прашањето за што е најмногу благодарна и што е тоа што никогаш не ѝ го кажала на мјака ѝ, Анастасија рече:
– Таа знае сè, немам што да ѝ кажам. Благодарна сум ѝ за сè, што целиот свој живот го посвети на мене и на мојот брат - рече пејачката, а потоа се осврна на емотивната врска на нејзината мајка.

- Таа беше сама толку години и се бореше сама, па мислам дека машката фигура не влијае на нејзината сила. Таа е силна жена и никој не влијае на тоа. Тој може само да ѝ го направи животот подобар - рече Анастасија, а потоа објасни каква е нејзината улога во изборот на љубовни партнери на нејзината мајка. 

-Секако дека нашето мислење ѝ значи, но мислам дека немам право да се мешам во нејзината среќа и јас да ги избирам нејзините партнери. Таа е таа што ќе одлучи со кого ќе стапи во врска. Не се прашувам тука, можам само да ја поддржам - расуди Ражнатовиќ, пренесува порталот „Еспресо“

извор:gloria.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: