Андрија Јо како од мајка роден: Јутјуберот објави фотка од приватната архива, а еве како таа реагираше (ФОТО)
Многу обожаватели му побараа да видат уште такви фотки...
Младиот и познат јутјубер Андрија Јо често ги изненадува своите следбеници на социјалните мрежи, но сега отиде чекор напред. Имено, тој објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која е потполно гол.
Иако го има прекриено задникот, доволно се гледа дека Андрија на море не носел костим за капење во моментот кога е направена фотографијата. Како што објасни, многумина му барале уште фотки од „приватната архива“.
„Една од приватната архива хахах“ - напиша тој.
„Преполно ми е сандачето за пораки дека сакате уште фотки од приватната архива, хахахаха не смеам, морам прво да ја прашам мама“. - додаде потоа.
Тој потоа објави разговор со, како што се претпоставува, мајка му.
„Па објави, ти си млад, можеш сѐ“ - му напишала таа, а тој разговорот го објави на стори и додаде: „Таа е на ваша страна“.
фото: Принтскрин / Инстаграм