Анѓела има 18 години, свој ресторан и големо срце: „Денес дојде нашата прва трудница и доби комплетен ручек. Бесплатно“

Анѓела има 18 години, свој ресторан и големо срце: „Денес дојде нашата прва трудница и доби комплетен ручек. Бесплатно“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Дека хуманоста не е карактеристика само на постарите, чие богато животно искуство ги поттикнало да бидат љубезни кон другите, доказ за тоа е матурантката во гимназијата „9.мај“ во Ниш, Анѓела Лечиќ, која неодамна го започна својот бизнис и отвори ресторан со домашна готова храна.

Ова не би било никаква вест доколку таа, која има само 18 години, не се реши да им помогне на оние кои немаат, но и на трудниците, бидејќи верува дека на тој начин ќе им ги олесни обврските додека чекаат новороденче. Анѓела решила да помогне давајќи им на идните мајки комплетен оброк во својот ресторан бесплатно, пишува „Нишќе вести“.

Таа не заборавила ниту на постарите, па вовела поволности и за пензионерите. Не ги одбива ниту оние што немаат, па кога некој што не може да си дозволи домашна храна ќе и „чукне“ на врата, вратата за нив е отворена. Таа вели дека не сака да одбие никого кому му е потребна нејзината помош, а идејата и е да ги нахрани сите, и оние кои треба да платат за ручек, но и оние кои не можат да си го дозволат тоа. Таа вели дека би ги нахранила сите доколку може, а ова е само дел од нејзината желба. 

- Ресторанот е нов. Неодамна беше отворен, но уште пред да се отвори дојдов на идеја на некој начин да ја збогатам работата што ја работам. Да помогнам на начин како што можам. Хуманоста е благородна особина и се учи од мали нозе. Таа е како убаво воспитување. Гест кој ве облагородува. Едноставно се чувствувам добро кога некому помагам. Тоа е чувството кога ќе отстапите седиште во автобус за постар човек или кога ќе го пуштите да влезе во продавница преку ред, и кога се работи за мајки со мали деца или трудници – објаснува Анѓела.

Нејзиниот мал ресторан зрачи со топлина, а таа со својата насмевка ја стоплува секоја душа. Таа додава дека сето тоа немало да се случи да не ја воделе нејзините ѕвезди, а ѕвездата се вика Весна. Таа беше моите крилја. Ме поддржуваше во се‘ и ме критикуваше кога требаше, вели Ангела.

- Малкумина досега биле на бесплатен оброк. Денеска кај нас дојде првата трудница. Бев многу среќна поради тоа. Доби комплетен ручек и се надевам дека и го олеснив денот бидејќи не мора сама да ја подготвува храната. Тоа чувство само го носам во себе – вели Анџела.


Извор и Фото: Нишќе вести

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: