Ања Ветерова се поздрави со своите обожаватели: „ Имам потреба од пауза да го разбистрам умот “!
Вчеравечер младата пејачка Ања Ветерова која студира во Соединетите Американски Држави, поточно во градот Бостон, на својот Инстаграм профил објави стори со кое сите малку не збуни.
Имено, сторито не беше ниту „селфие“, ниту друга фотографија, туку беше текст во кој на некој начин се поздравува на некое време со своите фанови. Еве што таа напиша на Инста сторито:
„Здраво на сите! Некое време ќе бидам отсутна од овој профил започнувајќи од утре! Имам потреба од пауза да го разбистрам умот и да се смирам од некои настани кои се менуваат во животот и кои се случуваат сега. Се враќам наскоро и бидете подготвени за ново поглавје! Ве сакам!“