Апликации на мобилниот телефон кои трошат најмногу Интернет: Сите редовно ги користиме

Апликации на мобилниот телефон кои трошат најмногу Интернет: Сите редовно ги користиме

Доколку имаш ограничен број на мегабајти, ова може да ти биде многу важно...

Секогаш на некој мистериозен начин ни се трошат мобилните податоци. Не сме сигурни каде, ниту како. Некои апликации трошат многу повеќе Интернет отколку што всушност мислиме. Ова се оние кои се најлоши и кои ќе те остават на 0 мегабајти, кога најмалку очекуваш.

Сигурно и ти имаш многу апликации на мобилниот, но најчесто користиш само неколку од нив. Секогаш прстот ни лета кон Инстаграм или Месинџер. Кога сме дома и поврзани на Wi-Fi, сеедно ни е колку Интернет троши една апликација, но кога сме некаде каде што го користиме својот мобилен Интернет, тогаш ситуацијата е малку поинаква. Затоа не е лошо да знаете кои апликации трошат најмногу Интернет. На некои сигурно веќе се сомневаш. Buymobiles.net направија мало истражување, како што пишува Metro. Сите најмногу ги користиме социјалните мрежи, а две кои едноставно ти го проголтуваат Интернетот се ТикТок и Инстаграм.

За 53 минути скролање на ТикТок, ќе останеш без околу 750 мегабајти, што звучи многу доколку месечно имаш само неколку гигабајти. Инстаграм е веднаш зад ТикТок по потрошувачката и ситуацијата не е многу подобра. Од друга страна, доколку редовно користиш Snapchat, нема потреба да стравуваш, половина час на оваа апликација ќе ги земе само околу 80 мегабајти. Истото е и со Фејсбук, кој исто така нема да ти потроши многу Интернет.

Напоменуваат дека и оние кои се закачени на Јутјуб, за само 11 минути, може да потрошат околу 500 мегабајти Интернет. Затоа не претерувајте со видеата, доколку немате Wi-Fi или доколку немате многу гигабајти мобилен интернет. Гледањето на Нетфликс исто така е смрт за твоите мегабајти, за 80 минути можеш да останеш без 4 гигабајти.

Единствени апликации кои нема да ти потрошат многу Интернет се апликациите за слушање музика како Spotify и Deezer. Со нив ќе немаш грижи.

фото: Shutterstock


Можеби ќе ве интересира: