Арчи го оставија дома: Меган и Хари без синот уживаа во луксуз во Рим
Војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари во петокот беа на венчавањето на дизајнерката Миша Ноно во Рим. Черимесечниот син Арчи не го носеа со себе за да уживаат заедно неколку денови.
Британската јавност ја разлути тоа што таа и Хари престојувале во луксузниот хотел Vilon, каде што престојот чини повеќе 1000 евра за едно ноќевање, пишува The Sun. Освен за хотелот, војводата и војвотката голема сума на пари одвоиле и за осигурување за време на престојот во Рим да имаат мир.
Локалните жители тврдат дека улицата на која се наоѓа хотелот поради доаѓањето на кралскиот пар цело време била преполна со полиција. Помеѓу останатото, Меган за венчавката одбра скапоцена креација од марката Валентино.
Ова не е прв пат Меган и Хари да ги разлутат Британците со своето однесување. Исто така, она што крена голема прашина беше веста дека Меган на дарувањето на детето во Њујорк отпатувала со приватен авион.
Британската јавност смета дека Меган и Хари трошат многу пари, а изгледа дека кралскиот пар нема намера да се откаже од својот луксузен стил на живот.