Австралиски водител ја шокираше јавноста: Го исмеа името кое Меган и Хари ѝ го дадоа на ќеркичката?
Кажа дека името го потсетува на „апликација за спортско обложување“...
За време на шоуто во живо, австралискиот водител Карл Стефановиќ го исмеа името што Меган Маркл и принцот Хари ѝ го дадоа на својата новородена ќерка, пренесува „Daily Mail“.
Имено, Карл го спореди името со апликација за обложување и „пукна“ од смеење за време на разговорот за детето на Меган и принцот Хари со Пирс Морган, кој е познат по тоа што не е голем обожавател на поранечните членови на кралското семејство.
„Што мислиш ти за името Лилибет „Лили“ Дајана Моунтбатен - Виндзор? Зарем тоа не звучи како апликација за спортско обложување?“ - го праша Пирс 46 - годишниот вотел. Инаку, Меган и Хари го додоа ова име на девојчето во чест на неговата баба, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана.
Пирс кажа дека е „иронично што името на девојчето е посветено на кралицата Елизабета Втора, а од друга страна со недели му се смеат во лице на кралското семејство“.
„Нели е тоа иронично? Мислам дека е иронично што тие името ѝ го посветија на кралицата, а веќе неколку недели кажуваат грди работи за кралското семејство“ - кажа Пирс.
фото:DOMINIC LIPINSKI/PRESS ASSOCIATION/PIXSELL/SCREENSHOT/YOUTUBE