Баба Љубинка живееше со глувци и во мрак: Нејзиното живеалиште конечно е топол дом благодарение на добрите луѓе (ФОТО)

Баба Љубинка живееше со глувци и во мрак: Нејзиното живеалиште конечно е топол дом благодарение на добрите луѓе (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Приказната која го расплака регионот доби среќен крај!

Приказната за една баба во Србија која живееше без струја во домот доби среќен крај.
Љубинка Анѓелковиќ го растажи целиот регион. Седумдесетгодишната жена, која живеела во многу тешки услови, доживеала да види светло во својот дом.

Таа живее сама во шума во Козји Дол. До неодамна, нејзината трошна куќичка од контејнер имала само шпорет што не работел, под полн со пукнатини и стари предмети што глувците скоро целосно ги изеле.

Тамара Мисирлиќ е млада каратистка од Врање, која ја формираше хуманитарната фондација „Тамара Мисирлиќ“ и ѝ помогна на оваа сиромашна жена. 

„Таа имала своја куќа која се срушила, а потоа ѝ доделиле контејнер кој веќе е дотраен. Бабата има пензија, но нема допир со парите, бидејќи луѓето од продавницата ги земаат тие пари и ѝ носат храна двапати месечно. Таа неретко има проблем со храната“, изјавила Мисирлиќ за „Телеграф“.

За еден месец, домот на оваа жена е во ново руво. Контејнерот е среден, а жената има и нов мебел. Жената вели дека добрите луѓе ја спасиле од глад и од студ. Сега има можност да живее подостоинствено. Во местото каде живее Анѓелковиќ има многу диви свињи и таа се грижи за нив. 


Фото: Инстаграм/Тамара Мисирлиќ



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: