Баба ми особено ја сакаше сестра ми, а мене ми беше главен фан: Каролина Гочева со фотографија емотивно се потсети на детството (ФОТО)

Баба ми особено ја сакаше сестра ми, а мене ми беше главен фан: Каролина Гочева со фотографија емотивно се потсети на детството (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Виралниот предизвик #СетиСе ги наврати македонските познати личности во детството...

СОС Детско село ја започна кампањата #СетиСе, преку која заедно со сите оние ќе се приклучуват ќе се создадат убави спомени за секое дете. Секој што сака да стане дел од оваа акција, треба да објави фотографија од детството со овој хаштаг и да означи уште три пријатели, кои ќе ги предизвика да го направат тоа.

Кон овој предизвик се приклучија многу познати личности, а сега тоа го направи и македонското девојче - Каролина Гочева.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од своето најрано детство, помеѓу кои има фотографија со нејзината баба Љупка. Во описот на фотографијата со обожавателите сподели колку значајна била таа за сите нив.

„Барајќи слики за предизвикот посветен на среќните детски мигови изнајдов некои на кои потполно сум заборавила… со моите, со сестра ми, со братучедите и со нашата сакана баба Љупка со која пораснавме и сѐ сакаше повеќе од себе! (особено сестра ми) А, мене ми беше главен фан и имаше архива од сите можни исечоци од весници и појавувања по медиуми. Одамна не е меѓу нас, ама често си ја спомнуваме и нејзината љубов е нешто што и ден денес го памтиме и чувствуваме.“


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: