Бајага се лекува од алкохолизам, пренесуваат медиумите: Се огласи и пејачот, еве што изјави

Бајага се лекува од алкохолизам, пренесуваат медиумите: Се огласи и пејачот, еве што изјави

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатиот пејач Момчило Бајагиќ - Бајага се огласи откако медиумите објавија дека тој се лекува од алкохолизам во приватна клиника. Еве што имаше да изјави:

-Одлично сум.  Се чувствувам одлично, никогаш подобро! Тоа за лекувањето не е точно. Немам проблеми. Се чувствувам добро. Ви благодарам за грижата, изјави тој за српскиот портал Република.

Медиумите првично објавија дека музичарот има проблеми со црниот дроб поради долгогодишно консумирање алкохол. Интернист од Специјалната болница за внатрешни болести кој го посетил Бајага во приватната клиника каде што престојувал, изјавил дека е среќен што пејачот конечно решил да оди на лекување.

-Кај нас општествено е прифатливо да се пие и да се наздравува во сите прилики, па ретко кој, дури и кога станува сериозен проблем, сака да го признае и прифати, а камоли да оди на лекување, вели тој.

Сепак, како што споменавме погоре, Бајага демантирал  се што навел изворот, поточно дека тој всушност не се лечи од алкохолизам.


Фото:bajagaiiinstruktori/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: