Бака Прасе ѝ приреди роденденско изненадување на саканата: Ја однесе на романтична вечера, па шокираше со честитката (ФОТО)

Бака Прасе ѝ приреди роденденско изненадување на саканата: Ја однесе на романтична вечера, па шокираше со честитката (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберот тврди дека ѝ ги исполнил сите желби...

Контроверзниот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе со секој свој потег ја интригира јавноста, а неговиот турбулентен живот често е главна тема во сите медуми.

И покрај турбуленциите во романсата со Ања Благојевиќ, а потоа и разделбата, двојката кон крајот на минатата година ги закопа воените секири и ја обнови љубовната романса, што веднаш можеше да се види на нивните социјални мрежи.

Ања дури ги помина празниците со Богдан во семејната куќа на неговите родители, а се шпекулира и дека јутјуберот ја запросил.

Богдан сега својата сакана ја однесе на романтична вечера по повод нејзиниот роденден, а дел од интимната атмосфера споделија и своите профили на Инстаграм.

„Среќен роденден љубов“ - напиша Бака, покрај фотографијата од Ања, а потоа додаде:

„Нема да ти посакам да ти се исполнат сите желби, бидејќи јас веќе ги исполнив“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: