Бака прасе и Жељко Митровиќ одат на суд: Илиќ откри како го вратил каналот на Јутјуб, па повторно го обвини сопственикот на Пинк за прељуба (ВИДЕО)
Јујтуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе објави ново видео во кое ги обелодени сите детали за враќањето на својот канал на Јутјуб, но и повторно го обвини Жељко Митровиќ за прељуба.
Имено, Бака Прасе објасни дека добил три страјка поради неовластено користење на содржини од телевизијата Пинк, и го изгуби каналот со повеќе од 2 милиони следбеници.
По нешто повеќе од 3 недели, успеа да го врати својот канал, а сега откри како успеал во тоа.
„Тој (Жељко Митровиќ) мене ми удри страјк, бидејќи сум корестел содржина, од кој знае кога, притоа тоа е содржина од емисијата во која бев јас. Повикан сум како гостин во емисија, а тој ми заби нож во грб. Испратив жалби до Јутјуб... Ќе одам со Митровиќ на суд. Ме тужеше за еден куп работи, а и јас него. Тие тужби се клевета, прозивки, а ова е сериозна работа, бидејќи ова е тужба за користење на авторски права. Имам доверба во нашиот судски систем и се надевам дека нема да подлежи на корупцијата која Митровиќ ја испраќа на сите страни и на тој начин се обидува да ме саботира. Досега сѐ беше коректно, распитите беа како што треба, се надевам дека и судењето ќе биде така“ - вели Бака и додава:
„Тие (телевизијата Пинк) покренаа кривична постапка против мене. Она што тој не го очекуваше е дека Јутјуб ќе ја прифати мојата жалба. Користењето на „фер употребата“ овозможува да коментирам содржини произведени на националната фрекфенција, бидејќи содржината објавена на телевизија со национална фрекфенција е во сопственост на граѓаните на Србија, а јас сум еден од нив. Сака да ја приватизира националната телевизија и да си ја присвои, тоа тогаш не е национална телевизија. Повеќе нема страјк за дискутира со Бака и Чода.“
Илиќ потоа им објасни на следбениците дека уште постојат два страјка, но е уверен дкеа и тие ќе бидат тргнати, бидејќи тоа е процедура и проблемот е скоро па ист, како и во првиот случај.
Освен тоа, Илиќ повторно ја искористи приликата и со следбениците на Јутјуб го обелодени новото видео на кое Митровиќ танцува со девојка која е значително помлада од него и се бакнува.
Иако следбениците го советуваа да ги тргне снимките кои се однесуваат на Митровиќ, Илиќ истакна дека тоа нема да го направи, сѐ додека не ја истера правдата.
фото: Принтскрин / Јутјуб