Бака Прасе имаше сообраќајка: Непознатиот маж побегнал од местото и го налути јутјуберот

Бака Прасе имаше сообраќајка: Непознатиот маж побегнал од местото и го налути јутјуберот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Богдан е неповреден и се чувствува добро...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, имаше непријатност кога во неговиот автомобил удри друг автомобил, со кој управувал непознат маж, кој по сударот, како што вели Илиќ, побегнал од местото на несреќата.

Богдан е неповреден и се чувствува добро, а неговиот автомобил е изгребан и како што напиша штетата е 100 евра.

„Луѓе, му благодарам на Бога, штетата не е голема, немојте да се грижите. Здрав сум, а здраво е и Ламбо. Ликот ме удри, излезе од колата и рече: „Ма, ништо не е, не знаев дека ќе свртиш“, а јас му реков: „Другар, ти ме удри, зошто ме удри?“, на што ми врати: „Ма, не е ништо страшно“ - рече Илиќ.

Непознатиот маж побегнал од местото на несреќата, но Илиќ му ги запишал табличките и нема да дозволи да се извлече туку така.

„Ме изгреба малку и му кажав: „Дај, застани, да се договори, што и како“, а тој само побегна. Јас, како дебил, гледам и не верувам. Му ги запишав табличките, готов е“ - рече Илиќ.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: