Бака Прасе јавно се потсмева со српската полиција: Ако го заследите МВР, ги објавувам идентитетите на сите криминалци (ФОТО)
Оваа државна институција уште нема изреагирано на „шегите“ на јутјуберот...
Богдан Илиќ, јутјуберот кој го бие лош глас, се дрзна да се шегува со државните институции на Србија на својот Инстаграм профил, на кој го следат повеќе од милион млади луѓе.
Тој по враќањето од Холандија, каде избега кај родителите по линчот кој го доби по смртта на Кристина Кика Ѓукиќ, повторно ги „рашири крилјата“ и почна да објавува бесмислени сториња на својот профил, но и да ја злоупотребува официјалната страница на Инстаграм на Министерството за внатрешни работи на Србија.
Илиќ објави дкеа наводно организира наградна игра во соработка со МВР, а сѐ со цел да ги „забавува“ младите луѓе, кои можеби неговите објави ги сфаќаат сериозно. Со оглед на тоа што и нема некој углед во јавноста поради случувањата од изминатата година, кога го напуштија и спонзорите, ниту МВР не ја реобјави неговата објава на оваа социјална мрежа..
Сѐ започна со неговите тврдења дека наводно му се закануваат криминалци, но дека сето тоа е залудно, бидејќи тој нема пари за да го рекетираат.
Потоа, следуваше објавата дека нема да го рекетираат, туку дека сакаат да го тепаат, што најверојатно би требало да биде духовито.
А, на крајот следуваше шегата:
„Правам giveaway во соработка со МВР Србија! Ако профилот @mupsrbije дојде до 100.000 следбеници, ќе ги објавам идентитетите на сите криминалци кои ме бараат“ - напиша јутјуберот покрај фотографијата, која ја сподели на стори.
фото: Принтскрин / Инстаграм