Бака Прасе објави дека подготвува наградна игра во која еден обожавател ќе освои фенси автомобил: Дали е ова шега?

Бака Прасе објави дека подготвува наградна игра во која еден обожавател ќе освои фенси автомобил: Дали е ова шега?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бака Прасе знае како да привлече внимание, а некогаш е тешко да се препознае кога е сериозен, а кога не е...

Некои негови потези се апсолутно луди и необјасниви, толку што се прашуваме дали навистина е сериозен или само добро се шегува со своите обожаватели. Сега објави дека подготвува наградна игра во кој некој ќе може да освои еден од неговите автомобили.

Инфлуенсерите многу често знаат да имаат наградни игри на Инстаграм во кои на своите следбеници им подаруваат шминки или некогаш дури одат толку далеку, што неколку од нив ги здружуваат силите, па подаруваат iPhone. Секогаш таквите работи ни изгледаат лажни и наместени. Сега, Бака Прасе ја објави својата наградна игра која е 10 скалила понапред од сите. Во стори на својот Инстаграм профил почна да зборува дека на еден обожавател сака да му го подари своето BMW. Дури им дозволи на обожавателите да одберат кое. 

Сѐ започна со објавата за тоа дека си купил ново BMW и дека сега сака да подари едно од своите претходни на еден свој обожавател.

Дали ова е вистина или шега, тешко е да се одреди. Во едно од сторињата напиша дека сака да ја направи најголемата наградна игра на Балканот, а како што изгледа, и ако ова е навистина така, тешко дека некој друг инфлуенсер ќе може да го пристигне во скоро време. Единствената дополнителна информација за сето тоа е дека подарувањето ќе биде на 3 ноември оваа година и дека сите кои сакаат да учествуваат треба да го заследат неговиот профил „bakaprasegw“. И тука е причината зошто некои негови обожаватели би можеле да помислат дека сето тоа е фејк - профилот делува како „измама“.

Ако ова е вистина, Бака сигурно со овој потег ќе освои дополнителни обожаватели.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: