Бака Прасе повторно во судир со законот: Врескаше на полицијата, па избега со својот бесен автомобил
Богдан пред неколку вечери во Белград на вода дојде со својот автомобил до шеталиштето, место каде тоа е забрането...
Контроверзниот јутјубер, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе со години е вмешан во скандали и лошото однесување во јавноста, а сега имаше уште еден судир со органите на јавниот ред.
Последните месеци е во центарот на медиумското внимание поради конфликтот со Жељко Митровиќ, а неодамна доби и прекршочна пријава поради недолично однесување и навреда на полицијата и новинарите на јавно место.
Судејќи по видеото кое кружи на социјалните мрежи, Илиќ пред неколку дена повторно дошол до судил со законот.
Имено, Богдан пред неколку вечери во Белград на вода дојде со својот автомобил до шеталиштето, место каде тоа е забрането. На тоа место се нашле неколку припадници на комуналната полиција, но и многу луѓе кои биле сведоци на целиот настан.
„Не ми даваат да влезам во својот автомобил. Можете ли да се поместите да влезам во својот автомобил? Не ми давате да ја отворам вратата од својот автомобил. Со кое право? Дали ме фотографиравте дека имам направено прекршок? Во ред, прекршив правило. Оставете ме да влезам во својата кола, ве молам, поместете се“ - ѝ вели Илиќ на полицијата.
Откако комуналните полицајци се обиделе да го легитимираат, тој им кажал дека со себе не носи лична карта, бидејќи не ја земал. Тогаш му соопштиле дека и тоа е прекршок, но и дека мора да почека да дојде полициска патрола.
„Можете да влезете во својот автомобил, но не можете да го напуштите местото. Ако го напуштите местото на настанот со вашето возило, ќе се соочите со санкции“ - му посочил еден од полицајците.
Илиќ потоа се огласи на социјалните мрежи и откри детали од конфликтот со полцијата:
„Прво не ми дадоа да влезам во автомобилот, без причина. Направив прекршок и им кажав: „Во ред, напишете ми казна“, на што тие ми кажаа да почекам да дојде полиција, па да ме легитимираат... Да се утврди идентитетот. Кажав дека тука е мојот другар, кој може да потврди кој сум. Застанаа пред вратата и не ми дадоа да ја отворам“ - го објасни Богдан настанот.
фото: Принтскрин / ТикТок