Бака Прасе стана вујко: Еве како изгледа сестрата на јутјуберот, на која ѝ купи стан од 500.000 евра (ФОТО)

Бака Прасе стана вујко: Еве како изгледа сестрата на јутјуберот, на која ѝ купи стан од 500.000 евра (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберот не ги штеди парите кога се членовите на неговото семејство во прашање...

Контроверзниот јутјубер, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, со години е во центарот на медиумскиот интерес, а често е и главен актер во скандалите кои се препраскажуваат.

Последните месеци е актуелен поради војната со Жељко Митровиќ, а неодамна доби и прекршочна пријава поради недолично однесување и навредување на полицијата и новинарите на јавно место.

Откако успеа да го врат и својот канал на Јутјуб, со повеќе од 2 милиони претплатници, Бака Прасе објави ново видео, во кое откри убави вести.

Имено, Богдан во новото видео ја покажа бремената сестра, која наскоро со својот избраник планира да се пресели во Германија.

Судејќи по видеото на неговиот канал, сестрата на Јутјуберот и тој имаат повеќе од добар однос, а тој одлучи на неа и нејзиниот избраник да им купи стан во вредност од 500.000 евра.

Во новото видео го прикажа ентериерот на станот кој го договорил, но и првата реакција на неговата сестра, која ќе живее во него со партнерот и бебето, додека е во Србија. Насмевката на нејзиното лице кажува сѐ.

Богдан во коментар истакна дека видеото е снимено пред драмата со Жељко, а дека дури сега го објавува, бидејќи не сакал да ја меша сестра му во сето тоа.

Неговата сестра во меѓувреме се породила, а во продолжение може да погледнете како изгледа нејзиниот стан:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: