Бака Прасе започнува нов бизнис: Од Јутјуб добива многу пари, а сега реши да заработува и на друг начин (ФОТО)
Секогаш се добредојдени повеќе пари...
Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, направи пауза во својата јутјуберска кариера, а потоа се врати со песната „Токио“ и освои првото место на трендинг листата на Јутјуб.
Од тогаш, тој продолжи да објавува видеа и полека почна да се враќа на малите екрани.
Приливот на пари очигледно е дека во ниту еден момент не престанал, а Бака Прасе сега објави дека започнува уште еден бизнис. Имено, јутјуберот ќе отвара локал.
„Наскоро се отвара мојот прв локал“ - соопшти Богдан, но останатите детали уште ги држи во тајност.
Колку што може да видиме од фотографијата, работата во локалот е уште во тек. Дали во тој простор ќе го продава својот бренд или бизнисот ќе биде поврзан со нешто друго, останува да видиме.
фото: Принтскрин / Инстаграм