Базен во станот и поглед од соништата: Анастасија ужива за сите пари
Пејачката
Анастасија Ражнатовиќ на социјалните мрежи се пофали каде ужива со своето момче.
Имено, таа објави фотографии од приватниот базен сместен во апартман на луксузен хотел, каде позира во шарен костим за капење.
Во позадина може да се види море, песок и палми, со оглед на тоа што станот во кој живее со фудбалерот е веднаш до морето.
Инаку, Анастасија и Немања вчера на Инстаграм објавија заеднички фотографии од плажа на кои покажаа колку се среќни и заљубени.
Гудељ позираше само во шорцеви, додека носеше кошула. Ражнатовиќ на сите фотографии го гушка Немања, а оваа нивна објава предизвика лавина од коментари.
„Навистина се гледа дека се сакате“, „убави“, „голипс“, „многу си убава, секогаш ти требаше таков маж“, „убав пар“, „љубов што ќе трае вечно“...
Фото: anastasiaraznatovic/instagram