Бебето е мирно, ние сме немирни и ред песна, ред солзи, ред смеа: Како се забавуваат Илина, Димитар, Сара и малиот Кирил?

Бебето е мирно, ние сме немирни и ред песна, ред солзи, ред смеа: Како се забавуваат Илина, Димитар, Сара и малиот Кирил?

Објавена во: Совети // Семејство

Откако се роди синот на пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг директор Димитар Атанасовски, семејството буквално е во центарот на вниманието. Не дека неговата постара сестра Илина е помалку важна, но како и со секое бебе, така и со Кирил, на Атанасовски им е забавно по дома.

Вчера мама Сара објави преслатко видео на кое покажува како си направиле уметничко дело со помош на боја која Димитар ја премачка на рацете на секој од нив, па дури и на рачето на малиот Кирил - искористија прилика додека спиеше и беше мирен.


- Бебето е мирно, ние сме немирни - напиша Сара, а резултатот е уметност која ќе им остане во спомен за цел живот.

Дека цело време им е забавно по дома, докажува и едно од претходните видеа каде семејството се вози во кола и пее, но по песната следува и ред лутење, ред солзи, ред смеа - како што вели Сара, и додава дека вода стои, Илина не стои.




Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: