Безброј хитови во 20 години кариера: Кои 5 песни на ДНК имаат милионски прегледи на Јутјуб? (ВИДЕО)
Најпознатото дуо во нашата држава, ДНК оваа година одбележува 20 години на естрадното небо...
Владимир Блажев и Андреја Ѓорѓиески од дуото ДНК оваа година имаат голем повод за славање. Имено, тие оваа година со голема музичка турнија низ нашата држава и спектакуларен концерт, кој ќе се одржи на почетокот на декември во Скопје ќе ги одбележат две децении на музичката сцена.
20 години успеваат да се изборат со сите препреки и да опстанат на македонската музичка сцена. Нивниот прв сингл „Девојка за везден“ го објавија во 2001 година, но поголема популарност доживеаја по вторниот, насловен „Благодарам однапред“.
Од тогаш, па сè до денес слободно можеме да кажеме дека секоја нивна песна е хит, а последната во низата - „Ако утре ме нема“, за кратко време стана вирална, а за тоа сведачат и изведбите на нивните пријатели од естрадата, кои ја отпеаја на свој начин.
Безброј хитови, албуми, настапи и концети, но знаете ли кои песни на ДНК се најслушани на Јутјуб? Доколку одговорот на ова прашање ви е непознат, погледнете во продолжение кои 5 песни на дуото имаат најмногу прегледи на оваа платформа:
# „Горе или доле“ - 2.5 милиони прегледи
# „Навлечен на тебе“ - 2.5 милиони прегледи
# „Она е од Шутка“ - 2 милиони прегледи
# „Што сака нека биде“ - 1.8 милион прегледи
# „Север и југ“ - 1.7 милион прегледи
Може да ве интересира:
Ги поддржуваат помладите колеги: Со кои млади пејачи снимија дует Панчо и Андреј од ДНК? (ВИДЕО)фото: Принтскрин / Инстаграм
Р.Х.