Безобразно: Адисон Реј доби ужасни коментари бидејќи игра „Among Us“
Понекогаш е доволно Адисон Реј само да се појави некаде и да предизвика контроверзии! Во последно време, сите новости поврзани со неа будат полемики и расправии, а понекогаш дури и самата не го предизвикува тоа - неодамна Триша Пајатас во своето видео посочи колку е арогантна и треба да биде отстранета од сцената, а исто така е и актуелна полемика со раперот кој го користеше нејзиното име во вулгарна конотација во неговата песна. Верувале или не, оваа долга листа не завршува тука, туку веќе имаме нова непријатност поврзана со Адисон!
Имено, новата прашина околу Адисон се крена само заради она што голем број од нас од нас го правеа редовно за време на пандемијата - играјќи „Among Us“! Адисон се вклучи на стримингот на една тура на играта, а дека тоа не е невообичаено, говори и фактот што многу Јутјубери и интернет инфлуенсери за време на пандемијата на коронавирусот се снимаа како заедно ја играле играта.
Сепак, иако ова е нешто сосема нормално, сите беа разочарани кога го видоа дека Адисон игра со акуелните ѕвезди како Корпс, Џејмс Чарлс и други инфлуенсери.
„Се најавувам само за да ја видам Адисон Реј како игра со Корпс? Веднаш ќе се одјавам“, „Се смеев, но кога ја видов дека Адисон Реј расположението ми падна“ - се едни од најчестите коментари.
thank you to everyone who let me play for the stream tonight!! I had so much fun & have so much love & respect for the people I got to do it with. y’all were great :) @larrayxo @jamescharles @Dream @pokimanelol @GeorgeNotFound @Quackity @Corpse_Husband @KarlJacobs_ @bretmanrock
— addison (@whoisaddison) December 30, 2020
Адисон, пак, не ги чита непријатните коментари, туку љубезно му се заблагодари на тимот со кој ја играше играта, па напиша и дека и било многу интересно. Омразата веројатно беше толку голема, особено што Адисон никогаш не снимала содржина со игри. Дали Адисон заслужи омраза само затоа што беше поканета на една тура „Amoung Us“ и дали има нешто лошо во тоа?