Били Ајлиш удри по јутјуберите: Мрази кога се трансформираат во неа

Били Ајлиш удри по јутјуберите: Мрази кога се трансформираат во неа

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Били има свое мислење на овој тренд - и не, не е воодушевена од него.

Како е да бидеш Били Ајлиш на еден ден? Сите би скаале да го знаат тоа, бидејќи изгледа дека е навистина супер! Некои јутјубери го проверија тоа. Трансформирање во омилената ѕвезда е тренд што е популарен на Јутјуб веќе некое време. Па така, едно момче ги прелажа сите дека е Џастин Бибер, една девојка ја „глумеше“ Тејлор Свифт, а некои се трансформираа во Били Ајлиш.

Ваквите видеа ги оправдуваат како „истражување“ или „социјални експерименти“, но факт е дека овие работи се магнет за што поголем број прегледи и популарност. Да се маскираш во некоја позната личност и потоа да отидеш некаде во јавност за да провериш колку луѓето ќе се прелажат е концепт кој сега е навистина познат, а ваквите видеа стануваат вирални. Многу луѓе се прелажани, настанува хаос во јасноста, се затвораат шопинг центри поради безбедност... Били Ајлиш сега одговори на обидите на луѓето да бидат како неа во борба за прегледи, кликови и популарност - и не беше воодушевена.


Били има препознатлив изглед, широка облека, зелена боја, долги нокти, шарена коса... Овие работи едноставно станаа поврзани со неа и кога некој добро ќе ги ископира на себе, луѓето може да останат прелажани. Јутјуберите сметаат дека е урнебесно да се маскираат во неа и да прават пранкови на луѓето.


Одат толку далеку што за потребите на видеата изнајмуваат посебни автомобили, вработуваат луѓе кои ќе глумат нивно обезбедување, се само за да бидат што поуверливи и да привлечат внимание. Сега били откри дека МРАЗИ кога луѓето го прават тоа.

На Инста стори сподели фотографии од луѓето кои се трасформираат во Били и јавно ги опомена. Ги замоли луѓето да престанат да го прават тоа, бидејќи за почеток не е воопшто сигурно, а како второ не е убаво да ги мамат луѓето кои се нејзини фанови. И за крај кажа дека поради нив и ваквите нивни видеа, излегува дека таа е лоша личност. Исто така додаде дека ова е малку безобразно, коментирајќи ги комбинациите на облеката.

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: