Били Алјиш ги изгуби нервите: Распали по сите
Музичарката Били Ајлиш ги изгуби нервите во врска со движењето All Lives Matter и посвети долга објава на Инстаграм дополнета со вилгарни зборови.
"Се обидов оваа недела да најдам начин да го адресам ова чувствително. Имам огромна платформа и навистина се обидувам да имам почит кон сите, размислете за тоа што ќе кажам и како ќе го кажам тоа ... Но, .... само ќе почнам да зборувам. Ако слушнам уште еден човек како вика: "aLL liVeS maTtEr" (сите животи се важни) ќе го изгубам ..... разум“, напиша таа.
„Дали ..... ќе заќутите?“. Никој не вели дека вашиот живот не е важен. Никој не вели дека вашиот живот не е тежок. Никој буквално не кажува ништо за вас ... И вие кретените наоѓате начин да го направите сето тоа за вас. Ова не е за вас. Пресанете да вртите сè околу вас. Не ви треба ништо. Не сте во опасност “, додаде таа.
Таа продолжи со аналогијата на децата, затоа што „тоа е единствената работа што тие ќе ја разберат“, дека кога некој ќе се пресече на раката, никој не очекува амбуланта да стави завој на рацете на сите или кога ќе гори нечија куќа, никој не очекува пожарникарите да ги посетуваат сите куќи во соседството затоа што сите куќи се важни.
"Не! Затоа што тоа не им треба. Вие сте привилегирани, сакале или не. Општеството ве привилегира само затоа што сте бели. Може да бидете сиромашни, може да бидете потребни ... но сепак бојата на вашата кожа ви дава повеќе привилегии отколку што мислите “, напиша таа.