Бизарен тренд: Додека едни матуранти размислуваат што ќе носат, матурантите во Америка размислуваат како и каде да најдат коза
Да, добро
прочитавте. Донесувањето коза на матура е најголемиот тренд во САД во моментов.
Девојките и момците масовно споделуваат објави на TikTok каде што можете да ги
видите во топ форма додека позираат со кози.
Се прашувате од каде им е таа идеја? Па, за се е одговорен познатиот кошаркар Мајкл Џордан. Тој е нашироко познат како GOAT - коза, што значи Greatest of All Time - Најголемиот на сите времиња. Кога Џордан играше за Чикаго Булс, го носеше бројот 23. Со оглед на тоа што матурантите оваа година се генерација од 2023 година, тие најдоа врска со бројот на дресот на Џордан и решија да го доведат „GOAT“ или козата, на најважната вечер.
Така една матурантка ги усогласила своите комбинации со нејзината коза. Додека е во фустан со светки, козата има поводник со светки и ланче. Нејзината објава има милиони прегледи на TikTok.
@duhh.itskera P R O M M M M ! #prom #prom23 #prom2k23 #goat #blowthisup #viral #fyp #foryoupage original sound - KayKay
И не само таа и други матуранти ги покажаа своите „луди“ идеи.
@steezyjayhh #greenscreen #greenscreenvideo CRUSHED PROM! #viral #goat #prom23 beautiful 2 - sped up sounds
„Ах, вие и вашиот придружник изгледате толку добро“, напиша еден од TikToker во коментарите.