Бизарно откритие во близина на домот на Меган и Хари: Поради морничавите детали, сè е под истрага

Бизарно откритие во близина на домот на Меган и Хари: Поради морничавите детали, сè е под истрага

Објавена во: Живот // Живот

Меган и Хари својот дом во Калифорнија го купиле од рускиот претприемач Сергеј Гришин во јуни 2020 година...

Покрај патот, на само неколку метри од луксузната вила во која живеат Меган Маркл и принцот Хари, биле пронајдени човечки остатоци, што за локалните медиуми потврди портпаролот на полициската станица Санта Барбара.

Човечки коските биле пронајдени на 24 мај покрај еден пат во Монтезит, во населбата во која живеат Меган и Хари. Изгледа дека ова се остатоци од возрасен човек кои веќе се многу стари, можно е и неколку илјади години.

Откриени се при уредување на животната средина, а форензичарите и антрополозите го истражуваат нивното вистинско потекло. Нивните први извештаи индицираат дека коските пронајдени на длабочина од три метри може да потекнуваат од припадници на индиското племе Чумаш.

Меган и Хари својот дом во Калифорнија го купиле од рускиот претприемач Сергеј Гришин во јуни 2020 година. Тој во 2009 година уплатил 25 милиони долари за него, а години подоцна се обидел да го продаде за 35 милиони долари.

Лоциран е во населбата во која живеат други познати имиња како Опра Винфри и Елен Деџенерис.

Откривањето на човечките коски во непосредна близина на нивниот имот е само едно во низата бизарни настани, откако ист сторител двапати успеал да провали во нивниот имот за време на изминатите Божиќни празници.

Имено, Николас Брукс најпрво бил фатен на имотот на 24 декември, по што полицијата го ослободила само со предупредување, но повторно се врати два дена, по што завршил зад решетки.

Брукс до куќата на Меган и Хари возел дури и од Охајо, а причините за провалата не биле познати, ниту пак дали соптвениците во тоа време биле дома.

Во април годинава беше откриено дека во последните неколку месеци полицијата била повикана во куќата дури девет пати, а алармниот систем бил активиран пет пати.

фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: